Делови од Карпош 3 и 4 вечерва останаа без струја

1219

Делови од Општина Карпош вечерва останаа без електрична енергија.

Прекин на струјата имаше во Карпош 3 и 4, а кулите покрај Вардар, пред мостот Обединети нации се уште се во мрак.

ЕВН се огласи со соопштение во врска со прекинот на струја во делови од Скопје:

„Поради испад на трафостаницата „Запад”, жители на делови од Скопје вечерва се соочија со краткотраен прекин на електрична енергија.
Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија на 95% од засегнатото население.
Во моментов само два 10кВ изводи се без напон, а се работи и на нивна санација.“