Делови од Гренланд го загубија сателитскиот сигнал по масовното затемнување во Шпанија

29

Оддалечените области во Гренланд останаа без пристап до клучните услуги што зависат од сателитските сигнали, вклучувајќи го интернетот и телефоните, соопшти доцна синоќа најголемата телекомуникациска група во Гренланд, најавувајќи дека ќе испита дали губењето на сигналот е поврзано со масовниот колапс на електричната мрежа во Шпанија.

Гренландската телекомуникациска компанија „Тусас“ соопшти дека го изгубила контактот со сателитскиот комуникациски центар лоциран во Шпанија, од кој се обезбедуваат телефонски, интернет, телевизиски и радио услуги, пренесува „Ројтерс“.

„Моментално сме надвор од контакт со нашиот центар за сателитски комуникации во Маспаломас, Шпанија, од кој зависиме за да им обезбедиме услуги на клиентите во нашата сателитска зона“, се вели во соопштението на Тусас.

ИЗДВОЕНИ