АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа, кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија.
– Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување редовно снабдување со топлина до потрошувачите – се наведува во соопштението од ЕСМ Снабдување.
За дополнителни информации, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400100.