Најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), планира во следните неколку дена да ја продолжи соработката со канадскиот интернационалец Алфонсо Дејвис. Офанзивниот бек има договор до крајот на актуелната сезона, но ја прифати понудата за продолжување на соработката до 2031 година. Баварскиот клуб за новиот договор на Дејвис ќе потроши околу 120 мил. евра.