Дејвид Бекам: „Не знам како јас и Викторија успеавме да останеме заедно 27 години“

335

Двојката во јули ќе ја прослави својата голема годишнина, а поранешниот фудбалер откри дека подготовките се веќе во тек.

“И двајцата сме емотивни поради ова. Конечно го гледавме документарецот и се прашувавме како поминавме низ сето ова 27 години. Но, го направивме, и имаме одлично семејство, одлична работа и среќни сме”, рекол Дејвид.

„И да, секако, кога си со некого толку долго, секако дека имаш подеми и падови, тоа сите го знаат. Но, на крајот на денот бевме среќни затоа што се имавме во тие моменти“, додаде тој.

Кога се запознале, имале 21 и 22 години, а две години подоцна се венчале и го добиле првиот син.

Неговото раѓање му даде нова димензија на семејството и нашите обврски тогаш му беа посветени на него, рече тој и додаде дека е среќен што ја запознал Викторија на толку рана возраст, бидејќи отсекогаш сакал да биде млад татко.

“Среќен сум и се чувствувам благословен што имав толку успешна кариера. И единственото нешто што приватно сакав беше да имам деца на млада возраст, за да можат да ја живеат мојата кариера со мене. Имав среќа што ја запознав Викторија тогаш, и што сите три мои деца беа покрај мене додека играв за најголемите клубови“, изјави поранешниот фудбалер.