Дејан Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1

34
Фото: Facebook

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на турнирот Скопје ОПЕН Г1 2025. Со овој медал Георгиевски освои нови значајни бодови на патот до освојување на олимписка норма за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.

На турнирот кој што се одржа викендов во салата „Јане Сандански“ во Скопје учествуваа таеквондисти од 40 земји.

До златниот медал Георгиевски дојде по победите над Горјан Бадаровски со 2:0 и Керим Куцуецсунхур од Германија исто така со 2:0.

ИЗДВОЕНИ