
Скај Спорт Германија откри дека раководните лица на Баер од Леверкузен само под еден услов ќе прифатат продажба на најдобриот фудбалер во клубот, Флоријан Вирц. Офанзивниот играч за врска е голема желба на челниците на Баерн (М), Реал (М) и на Манчестер Сити, но сите заинтересирани клубови ќе мора да испратат официјална понуда која нема да биде помала од 120 мил. евра.