
Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М) откри дека само под еден услов ќе му биде дозволено на францускиот интернационалец, Едуардо Камавинга, да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Играчот за врска важи за голема желба на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, а понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 70 мил. евра.