
Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, откри дека раководните лица не се откажале од намерата да стават крај на соработката со бразилскиот интернационалец Антони. Крилниот напаѓач моментално настапува како позајмен играч во дресот на Бетис од Севилја, а понудата за неговите услуги не смее да биде помала од 50 мил. евра.