Сопствениците на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Хилал, ја започнаа потрагата по наследникот на бразилскиот интернационалец Неимар. Поради честите повреди Неимар не ги исполни големите очекувања на раководните лица кои сега своето внимание го насочија кон египетскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах, кој на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер.