„Дедо Мраз на мотор“ на плоштадот „Маршал Тито“во Куманово

47

На платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, односно на плоштадот „Маршал Тито, в среда во 11:30 часот, по 17 пат ќе се одржи една од најпопуларните предновогодишни манифестации во Куманово – „Дедо Мраз на мотор“.

Манифестацијата е во организација на мото клубот „Мечки“. И годинава мотото на клубот е „Тажните најубаво се смеат“, а целта останува иста, носење подароци за лицата со посебни потреби.

– Ве покануваме, сите наши поддржувачи и пријатели, добри и хумани луѓе на 25 декември заедно да ги израдуваме децата од дневниот центар за лица со посебни потреби. Во 11:30 часот ќе бидеме на градскиот плоштад „Маршал Тито”, пред Домот на културата во Куманово, со нашите пријатели на мотор, маскирани како Дедомразовци, и како секогаш ќе делиме изненадувања за најмалите – информираат од мото клубот „Мечки“.

Во 12:45 часот, моторџиите ќе тргнат од градскиот плоштад со дефиле низ улиците, за да по 15 минути  пристигнат пред Дневниот центар за лица со посебни потреби каде што на штитениците ќе им однесат подароци и новогодишни пакетчиња.

 

 

ИЗДВОЕНИ