Новитети годинава се тоа што, покрај стандардните сезонски карти, „Ресорт Маврово“ подготви пакет 1+1, односно карта за возрасен и карта за младинец или дете, со попуст до 60 проценти на втората карта. Тие се во комбинација скијач + скијач или жичарница + скијач. Од годинава, во SUPER Early Bird понудата се тридневните (три последователни дена) припејд ски-карти за возрасни, млади и за деца, со голем попуст. Менаџментот на Ресорт Маврово одлучи годинава во Super Early Bird, цената на детската карта да изнесува 1.200 денари
Скијачкиот центар „Ресорт Маврово“ интензивно се подготвува за новата зимска сезона и за првите гости и скијачи во 2024/2025 година.
Во оваа насока, „Ресорт Маврово“ ги пушти во претпродажба сезонските карти за скијање во т.н. Super Early Bird понуда, која трае до 11.11.2024 година.
Новитети годинава се тоа што, покрај стандардните сезонски карти, „Ресорт Маврово“ подготви пакет 1+1, односно карта за возрасен и карта за младинец или дете, со попуст до 60 проценти на втората карта. Тие се во комбинација скијач + скијач или жичарница + скијач.
Од годинава, во SUPER Early Bird понудата се тридневните (три последователни дена) припејд ски- карти за возрасни, млади и за деца, со голем попуст. Менаџментот на „Ресорт Маврово“ одлучи годинава во Super Early Bird, цената на детската карта да изнесува 1.200 денари.
– Како и минатата година, сезонските карти од „Ресорт Маврово“ повторно ќе важат три последователни дена во скијачките центри Копаоник, Златибор, Стара Планина, Колашин и Бјелашница. За секој што поседува сезонска карта за скијање, обезбедуваме и 10 % попуст во Маврово и Скопје кај „Friends of Mavrovo“. На овој начин, обезбедуваме сериозни заштеди за децата и за семејствата, надевајќи се дека повеќе деца и млади ќе скијаат во новата сезона – вели Огњан Циговски од „Ресорт Маврово“.