
Катарската инвестициска управа (КИА) досега има инвестирано повеќе од 13 милијарди долари (околу 11,5 милијарди евра) во Русија, изјави катарскиот амбасадор во Русија, шеикот Ахмед бин Насер Ал Тани.
Тој прецизира дека најголем дел од овие инвестиции се концентрирани во енергетскиот, банкарскиот и малопродажниот сектор, пренесе Тасс. Амбасадорот истакна дека КИА инвестирала 19 отсто од споменатата сума во руската нафтена компанија Роснефт.
Во проектот за модерен автопат во Санкт Петербург се инвестирани 25 отсто, а исто толку е инвестирано и на аеродромот Пулково во тој град, како и на московскиот аеродром Внуково.
Покрај тоа, катарскиот фонд инвестираше во руската банка ВТБ, како и во трговските синџири Магнит и Лента.
„КИА и рускиот фонд за директни инвестиции соработуваат на проекти вредни околу една милијарда долари, кои се разгледуваат во блиска иднина“, додаде амбасадорот.
Тој изјави дека околу 180 руски компании работат во Катар и нагласи дека соработката меѓу Русија и Катар „има значителен потенцијал во трговијата и економијата“.