ДЕАНОСКИ: На протест во вторник излегуваат вработени од шест министерства и Државниот завод за статистика

925

По стапувањето во штрајк на вработените во Државното правобранителство пред два дена, во средата, на протест во вторник, на 14 јануари, излегуваат вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика.

Ова го потврди претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, кој рече дека засега се очекува на протест да излезат вработените од Министерство за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд, како и вработените од Државниот завод за статистика.

ИЗДВОЕНИ