
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на калчо гигантот Милан ја започнале потрагата по наследникот на португалскиот стручњак, Серџо Консеисао. Трофејниот тренер ќе добие отказ доколку Милан не се пласира во ЛШ и не го освои Купот на Италија, а ново име во списокот со можни наследници е актуелниот тренер на Олимпик Марсеј, Роберто де Зерби.