EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец и актуелен тренер на Рома, Даниеле де Роси, го продолжи договорот со клубот, соопшти тимот од Рим.

Де Роси, кој во јануари го замени Португалецот Жозе Мурињо на клупата на Рома, го продолжи договорот со клубот до 2027 година.

  • Рома е задоволна што го официјализираше продолжувањето на договорот на Де Роси како прв тренер на тимот до 2027 година, се вели во соопштението на Рома.

Де Роси речиси целата своја играчка кариера ја помина во Рома. Оваа сезона под водство на Де Роси, Рома го зазеде шестото место во Серија А, и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.