EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Трофејниот Манчестер јунајтед започна преговори со агентите на Матијс де Лихт околу трансфер на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот е заинтересиран за преселба во Јунајтед и му даде сигнал на својот тим, Баерн од Минхен, да влезе во преговори по лошата сезона.

Де Лихт, кој има 24 години, минатата сезона, во дресот на клубот од Минхен одигра само 16 натпревари во лигата, а 22 на сите натпреварувања. Тој има договор со Баварците до летото 2027 година, но се чини дека тие се подготвени да го пуштат доколку заинтересираната страна плати 70 милиони евра. Де Лихт дојде во Баерн пред две години, за 80 милиони евра.