Давид Де Хеа и понатаму е без клуб откако не успеа да постигне договор со италијанска Џенова. Поточно, соработката засега е прекината поради преголемите барања на шпанскиот голман.

„Скај спорт“ пренесува дека преговорите оделе во добра насока, дека Де Хеа бил заинтересиран да дојде на северот од Италија, но побарал превисока плата за стандардите на Џенова. Де Хеа одби бројни понуди од Саудиска Арабија бидејќи сакаше да остане во Европа, но како што стојат работите сега, Џенова нема да биде опција. Се шпекулира дека Де Хеа ќе мора да ги намали со своите барања доколку сака да се врати меѓу стативите по пауза од една година. Тој е без клуб откако го напушти Манчестер јунајтед минатото лето, како слободен играч.