Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, утре на 2 август, ќе оди во работна посета на Србија, а со претседателот Александар Вучиќ ќе присуствува на одбележувањето на Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчињски“.

Вучиќ и Силјановска Давкова ќе го посетат манастирот, а потоа ќе се обратат пред медиумите.

Нашата земја утре го слави Илинден, го одбележува Денот на државноста, а на тој ден во 1941 година во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија.