ДАВИДС: „Лудаци! Не можев ни да ја допрам топката“

63
epa11239507 Edgar Davids of Ajax Legends in action during the soccer match between Liverpool Legends and Ajax Legends in Liverpool, Britain, 23 March 2024. This is the eighth annual legends match, with the money raised from ticket sales going to support the LFC Foundation in their community and education programs. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Едгар Давидс десет години даваше брилијантни настапи на големата сцена, а неговата клупска кариера е доста импресивна.

Се започна во Ајакс кога ја освои Лигата на шампионите и стана светска ѕвезда. Поранешниот репрезентативец на Холандија е еден од ретките кои играле за Милан, Интер и Јувентус, а беше и член на Барселона.

Препознатлив по агресивната игра, големата борбеност, многу силниот шут, Девидс секако беше меѓу најдобрите играчи од средниот ред на својата генерација.

Малкумина беа оние на кои им беше дозволено да ја преминат неговата линија, тој немаше проблем да влезе во конфликт, не беше скршен ниту поради проблемите со очите.

Поголемиот дел од својата кариера го помина носејќи очила, кои станаа негов заштитен знак и поради нив тој остана посебно запаметен во светот на фудбалот.

Зборувајќи за најтешките противници Давидс го избра Чави Хернандез и неговиот сонародник Андрес Иниеста.

“Чави Хернандез и Андрес Иниеста ме излудеа. Играв со нив и против нив. Можам да ви кажам една работа за нив”, започна Холанѓанецот и продолжи:

„Во моите најдобри години можев да го исцедам секој играч на светот. Само тие двајца лудаци можее да одолеат на мојот стил на игра. Двајцата одлично ја одиграа играта на позиција и посед. Беше невозможно да се помириса топката кога играа двајцата“, изјави Давидс.

Чави беше на почетокот на кариерата додека Давидс беше во најдобрите години, а двајцата поминаа половина сезона заедно во дресот на Барселона. Во тоа време член на каталонскиот тим беше и Иниеста.

Давидс заврши со сериозен фудбал во 2007 година, токму кога Иниеста и Чави почнаа да доминираат на меѓународната сцена…

ИЗДВОЕНИ