Дарио Шимиќ ја откри вистината за Модриќ

450
epa11661130 Luka Modric (L) of Croatia reacts during the UEFA Nations League group A1 match between Poland and Croatia in Warsaw, Poland, 15 October 2024. EPA-EFE/Piotr Nowak POLAND OUT

Лука Модриќ и на 39 години игра фантастично, а неодамна постигна спектакуларен гол во победата на Реал (М) над Жирона (2:0). По натпреварот, предводникот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти го спореди со Паоло Малдини, кого го тренираше во Милан.

„Имав уште еден 40-годишник кој ја освои Лигата на шампионите – тоа е Паоло Малдини. Можам да ги споредам во однос на тоа каков мора да биде еден фудбалер“, изјави Анчелоти.

Актуелниот договор на капитенот на хрватската репрезентација истекува на крајот од сезоната, но тој е подготвен да остане до летото 2026 година. Во моментов Лука е играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот. Освои 28 големи трофеи, а Флорентино Перез е подготвен да направи голем исклучок, продолжувајќи го договорот на ветеранот иако со години е правило да не се продолжуваат договорите на толку стари играчи.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Дарио Шимиќ, ја имаше честа да игра со Малдини и Модриќ. Поранешниот бек имаше само убави зборови за легендарниот капитен на Милан, а потоа ја откри вистината за Лука Модриќ.

„Што да се каже за Модриќ? Тој е олицетворение на модерниот фудбал. Во минатото се зборуваше повеќе за Гатузо, но тој е одговорот на Чави и Иниеста. Тој има способност да работи со топката и да го најде оптималното решение. Лука го претставува модерниот фудбал во сите негови аспекти“.

„Колку и да изгледа неверојатно, никој во Хрватска не можеше да замисли дека Модриќ ќе стане веројатно најдобриот во историјата. Тој е пример, иако денешната младина е поинаква“.

„Модриќ може долго да остане во професионалниот фудбал. За напаѓачот, на пример, губењето брзина носи проблеми, но Модриќ… Тој е професионалец, чесен и скромен вљубеник во својот занает“, истакна Шимиќ на крајот од интервјуто.

Модриќ беше млад кога играше покрај Шимиќ. На теренот заедно поминаа 20 натпревари, сите како соиграчи во хрватската репрезентација, иако заедничко им е тоа што и двајцата беа капитени на Динамо (З).

 

ИЗДВОЕНИ