Кошаркарскиот гигант, екипата на Реал Мадрид, е заинтересиран да го доведе Дарио Шариќ за следната сезона. Според шпанскиот весник „Енцестандо“, Шариќ ја разгледува опцијата да ја напушти НБА и да се врати во Европа по речиси десет години. Реал Мадрид веќе добро го склопува својот тим за следната сезона, тој веќе се договори да го доведе Дејвид Крамер, а од декември преговара со Тео Маледон. Тој бара и некој што ќе ја замени дупката што ќе се создаде со заминувањето на Серж Ибака и верува дека заедно со Валтер Таварес и со Бруно Фернандо, Шариќ е тој што ќе помогне под обрачите.

Дарио Шариќ моментално е член на Денвер, но има минимална минутажа во тимот.

ИЗДВОЕНИ