На Атинскиот полумаратон кој воедно беше и Балканско првенство во полумаратон, најдобриот македонски атлетичар на долги патеки Дарио Ивановски го освои второто место во генерлен пласман и сребрениот медал на Балканското првенство со резултат од 1:05:19 часа. Иако до 10 километри беше во водство, сепак немаше сили во втората пловина од трката да му се спротистави на победникот Драгош Лука Поп од Романија кој заврши со резултат од 1:04:49 часа, а бронзениот медал му припадна на домашниот натпреварувач Николаос Стамулис со резултат 1:05:34 часа.
Во женска конкуренција најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки Адријана Поп Арсова, го освои четвртото место на Балканијадата, односно 7-то место во генерален пласман на полумаратонот со резултат од 1:19:04 часа.
Оваа година Виз Ер Скопскиот маратон кој ќе се одржи во октомври, ќе биде и Балканско првенство во маратон, каде ќе ги видиме нашите маратонци во борба со најдобрите маратонци од Балканот.