На данскиот ракометен судија Јеспер Мадсен, му се слоши за време на натпреварот  меѓу Веспрем и Спортинг во Лигата на шампионите.

Се играше финишот на првото полувреме, кога на Мадсен одеднаш се струполи на теренот. Докторите веднаш влегоа на теренот за да му дадат прва помош, а по кратко време тој се исправи по немилиот момент и теренот го напушти на носилки.

Публиката го испрати со аплаузи по еден подолг прекин, а арбитарот веднаш беше испратен во болница. Како единствен судија на терен остана неговиот партнер Мадс Хансен.

ИЗДВОЕНИ