Дански медиуми: Синот на Трамп ангажирал бездомници на Гренланд за да глумат негови поддржувачи

989
Фото:EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

За време на посетата на Гренланд, Доналд Трамп Јуниор и неговата придружба наводно ангажирале локални бездомници во замена за бесплатен ручек во луксузен хотел за да ги прикажат на видеа како поддржувачи на Трамп.

Оваа информација ја објави данската радио станица ДР. Неколку извори рекоа дека видео снимките од краткото патување на синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп прикажуваат неколку бездомници и други ранливи луѓе, кои често биле видени пред супермаркет до хотелот.

„Бездомниците и постарите луѓе одеднаш можат да јадат во ресторан во кој никогаш претходно не биле. Тие се поткупуваат, а тоа е крајно лош вкус“, вели долгогодишен жител на главниот град Нуук.

За да бидат таму, сè што требаше да направат е да стават капи со натписот „Да ја направиме Америка повторно моќна“ („Make America Great Again“) и да учествуваат во видеата на персоналот на Трамп.

На снимката од весникот „Екстра бладет“ се гледа и како следбениците на Трамп им приоѓаат на луѓето на улица и им даваат капи. Меѓу нив имаше и една постара жена со ваква капа која не го знаеше ни името на личноста со која требаше да руча – синот на Доналд Трамп. Таа, како што рече, едноставно ја искористила шансата.

 

 

Потврден поддржувач на Трамп, кој му го покажа на Трамп Џуниор главниот град на Гренланд, Нук, му негираше на ДР дека луѓето биле „регрутирани“ пред супермаркетот. Наместо тоа, тие самите стоеја надвор од хотелот и покажаа интерес.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, 78-годишниот Доналд Трамп им се заблагодари на Гренланѓаните што „толку добро се однесуваат кон неговиот син и неговата придружба“. Тој исто така објави видео во кое Гренланѓаните со капи „МАГА“ го фалат, ја поддржуваат „анексијата“ на Гренланд или се согласуваат со прашањето дали сакаат да бидат дел од Америка.

ИЗДВОЕНИ