Ракометната репрезентација на Данска, продолжува да газат на Светското првенство во кое е ко-домаќин. Во првиот денешен четвртфинален дуел актуелниот бранител на титулата ја продолжи серијата победи и преку Бразил обезбеди ново полуфинале. Конечниот резултат на средбата во Осло беше 33:21, а противник на Данска на битката за финале ќе биде подобриот од вечерашната средба меѓу Германија и Португалија.

Најдобри поединци во таборот на европската селекција беа Гудсек, Јакобсен и Шмит со по шест гола, а одличен на голот беше Нилсен со 15 одбрани. За Бразил се истакна Карваљо со седум погодоци.

ИЗДВОЕНИ