„Данка да се води како исчезнато лице“, бара адвокатот на еден од осомничените

1082

– Реално, ова е смешно! Нема ниту еден доказ дека обвинетите се виновни. Според обвинението, малата Данка треба да се третира како исчезнато лице. Го застапувам Радослав Драгијевиќ, кој во обвинението е обвинет дека помогнал да се сокрие телото. Ќе побарам, а верувам и моите колеги, обвинението да биде отфрлено! Значи, прво ќе барам од Апелација да ја прекине постапката, а како второ ќе барам обвинителниот акт да се врати на дополнение во јавното обвинителство – вели адвокатот Милинко Јовановиќ, за српските медиуми, додавајќи дека обвинението е поднесено и потврдено и покрај тоа што нема ниту еден доказ за смртта на девојчето.

Рокот за жалба до Апелациониот суд е три дена, а со оглед на тоа што е викенд, последен ден во овој случај е понеделник. Постапката е таква што адвокатите го поднесуваат целиот случај со жалба до Вишиот суд во Зајечар, а Вишиот суд го проследува до Апелациониот суд во Ниш.

Адвокатот Живадин Богдановиќ кој го брани обвинетиот Срѓан Јанковиќ изјави дека во моментов не може да го коментира случајот.

ИЗДВОЕНИ