Сплитската пејачка и евровизиската ѕвезда, Данијела Мартиновиќ, иако има постојано полни сали во кои настапува, пее и ја весели публиката, се соочи со едно целосно фијаско. Верувале или не, таа не успеа да продаде ниту еден билет! Кој знае од кои причини. Сите се прашуваат да не е, можеби, сурово местење од нејзиното поранешно момче, Петар Грашо. Но, не е тоа. Со сигурност тврди и самата Данијела, која кусо објаснува:
– Во близина имаше некој добар дискоклуб, кој беше преполн и салата во која требаше да пеам во исто време, остана сосема празна. Бев многу разочарана. Се разбира, не излегов да пеам, си заминав дома во солзи. Сепак, научив многу добра лекција од животот: никогаш не откажувајте се, бидејќи никогаш не е доцна! И навистина е така. На Данијела потоа ѝ се случија мегахитовите: „Зовем те ја“, „Што сам ја, што си ти“, „Нека ми не сване“, „Бродолом“, „Иде ми све у животу, иде ми“, по што навистина сè ѝ тргна во животот. Дури и по Грашо, си фати ново момче. Д.М.