Македонската ММА борачка, Даниела Алексовска, се пласираше во финалето на Европското првенство во Белград, Србија. Таа во полуфиналето беше подобра од Рути Розмарин од Израел со едногласна одлука на судиите.

По двете добиени рунди, Алексовска на ист начин ја финишира и третата рунда и се пласира во финалето. По крајот на третата рунда со едногласна судиска одлука Алексовска дојде до победата.

За европското злато во категоријата јуниорки до 52,2 килограми, Алексовска ќе се бори против ривалка од Украина во сабота од 18:20 часот. Таа веќе има сребрен медал, а атакува на златото како што пред неколку дена тоа го стори Марко Трајановски.

ИЗДВОЕНИ