Дани Алвеш е ослободен од обвинението за силување

28
epaselect epa11128571 Brazilian soccer player Dani Alves sits on the dock during his trial for alleged sexual assault at Barcelona's Court in Barcelona, Spain, 05 February 2024. Alves is accused of sexually assaulting a woman inside a bathroom at a disco in Barcelona in December 2022. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ / POOL

Дани Алвеш (41), прославениот играч на Барселона и Бразил и еден од најтрофејните фудбалери во историјата, беше ослободен од обвинението за силување од Апелациониот суд во Барселона. Во февруари минатата година, Алвеш беше прогласен за виновен и осуден на четири и пол години затвор со првостепена пресуда за силување на 23-годишна девојка во ВИП делот од ноќниот клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.

„Судскиот совет составен од три жени и еден маж заклучи дека сведочењето на жената која го пријавила Алвеш за силување е недоволно за да се докаже вината на обвинетиот, а во овој случај преовладувал принципот на презумпција на невиност“, пишуваат шпанските медиуми.

Обвинителството во првото судење за Алвеш побара од девет до најмногу 12 години затвор. Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Алвеш го напушти затворот во март минатата година, еден месец по првостепената пресуда и откако помина година и два месеци во притвор, откако плати кауција од еден милион евра.

Судот потоа нареди да му се одземат шпанскиот и бразилскиот пасош до крајот на постапката (конечна пресуда). Алвеш од 2005 година има и шпанско државјанство. Дополнително, според одлуката на судот, не му било дозволено да се доближи до својата жртва, на која морал да и плати 150 илјади евра отштета.

Алвеш првично негираше дека воопшто ја познава жената која го пријавила за злосторството. Подоцна неколку пати го менуваше сведочењето, а на крајот Алвеш, кој инаку е оженет, изјави дека сексуалниот однос со девојката во клубот бил консензуален.

Тој беше уапсен од полицијата на 20 јануари 2023 година за време на посетата на Алвеш на каталонската престолнина по завршувањето на Светското првенство во Катар. До апсењето играше за мексиканскиот клуб Пумас. Играше и за Севиља, Јувентус и ПСЖ, додека за Бразил играше 126 пати. Во кариерата освои дури 42 титули. Со Барселона трипати ја освои Лигата на шампионите, а со Бразил двапати Јужноамериканското првенство.

ИЗДВОЕНИ