Европејците се исплашени, агресивниот американски претседател ѝ се јави на данската премиерка и побара Гренланд да им биде предаден на САД, пишува Фајненшл тајмс.
Петмина високи функционери на ЕУ за Фајненшл тајмс изјавиле дека разговорот на Доналд Трамп со Мете Фредериксен, премиерката на Данска, поминал „многу лошо“: Трамп бил агресивен и конфронтирачки настроен, не прифатил никакви понуди за соработка од Данска, заинтересиран е само островот територијата да им биде предадена на Соединетите Американски Држави.
Ако претходно изјавите на Трамп изгледаа како политички трикови за да добие поголемо влијание врз оваа НАТО земја, сега многумина мислат дека тој сериозно има намера да го анектира најголемиот остров на планетата.
„Данците се апсолутно преплашени од ова“, изјави висок претставник на ЕУ.