Денес е 29 април, Меѓународен ден на танцот, а по тој повод кореографката, танчар и  едукатор Адријана Данчевска-Ровчанин ја напиша кедонската порака.

„Денес, на денот на танцот, зборуваме за моќта на оваа уметност. Зборуваме за танцот кој е многу повеќе од физички акт – танцот е емоционален, социјален и интелектуален процес кој е длабоко вкоренет во нашето човечко постоење. Танцувам додека создавам живот кој има смисла. А нам тука ни е потребен простор за танц и оддржлива структура. Танцот е активизам. Танцот е страст – моќен канал за трансформација, катарза и ослободување. Танцот ни дава можност да се соочиме со себе, да ја откриеме и истражиме нашата лична приказна, за потоа да ја споделиме таа посебна пасија и посветеност со другите. Танцот ни подарува бескомпромисно чувство на слобода. А што е подобро од слобода? Танцот има моќ да ги обликува сложените животни идеи, да инспирира промена, да поттикнува колективни тела. Танцот за мене е враќање дома. Длабок и траен дијалог. Хаотичен. Неуреден. Мој. Танц“, вели во македонската порака Данчевска-Ровчанин.

 

ИЗДВОЕНИ