Dancers United за Светскиот ден на лицата со попреченост по десетти пат ја раскажа својата приказна

66

Инклузивното танцово студио Dancers United по повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост по десетти пат ја раскажа својата приказна. На сцената на МНТ танцуваа, пееја, свиреа лица на возраст од 4 до 44 години. Претставата која беше испреплетена со инклузивни точки од хип-хоп, балет и латино танци ја истакна убавината на различноста и заедништвото.

-Преку танц, музика и емоции, сцените ја раскажаа приказната за едно дете кое ги истражува животните фази – од раѓањето, првите пријателства и љубопитноста за светот, до борбите со прифаќањето, откривањето на страста за танцот и соништата за иднината. Преку нивните движења и енергија, претставата испрати порака за љубовта, поддршката и силата која ја наоѓаме во заедништвото – потсетувајќи нè дека секој ден е нова можност да ги цениме моментите, да создадеме спомени и да го живееме животот со радост, велат оттаму.

Убавината на овие инклузивни претстави кои ги организира танцовото студио Dancers United десет години во континуитет е што истите инспирираат, мотивираат, им покажуваат на сите учесници како и присутни од најмала до најголема возраст дека не постојат бариери, сите сме исти, сите можеме кога сакаме, само треба да го поттикнеме најдоброто во себе и со многу љубов, трпение и поддршка ќе стигнеме до целта.

ИЗДВОЕНИ