Дамјан Стојаноски има нов македонски денс-фолк хит

57

За пофалба! Ако барате убав провод, а да е тоа македонска фолк-музика, не се двоумете. Атрактивниот пејач Дамјан Стојаноски, синот на легендарниот Војо Стојаноски, ја освојува публиката максимално, со најновата песна  „Остани“.              И не е патриотска, ниту зборува за љубов кон нацијата. Овој пат темата е сосема, сосема друга!  Тоа е една супер-модерна ритмична денс-комбинација, музичка бомба која дефинитивно ја освежува нашата музичка сцена.

Песната е во аранжман на неговиот братучед Златко Миладиновски, перфектен звук е дело на Љупчо Павловски (од студио „Анастасија“), а музиката и текстот се дело на самиот Дамјан Стојаноски. Песната има и видеоприказна во која настапува Сашка Колеска, а во продукција е на „Арт-студио“.  Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ