Дали вработените во Државниот инспекторат за труд (ДПИ) не зеле плата еден или два месеца ќе проверат од Сојузот на синдикатите на Македонија и доколку е така, ќе поднесат соодветни пријави.

– За жал, дел од вработените во јавниот сектор, поради реорганизацијата на Владата, немаат земено плата еден или два месеца. Овие работници се добредојдени во ССМ да формираат синдикална организација за да можеме да се легитимираме пред работодавците и за да се избориме за исплата на нивната плата. Синдикалците што се веќе таму молчат за овој проблем и не преземаат никакви активности да овозможат исплаќање на платите на работниците. Ако треба, ќе се поднесуваат пријави до инспекторатите против инспекторатите – рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Според него, ССМ нема да ги изневери работниците и секогаш ќе биде со нив не само за исплата туку и за зголемување на платите.

ИЗДВОЕНИ