Британскиот боксер Тајсон Фјури (34-2-1) одлучи уште еднаш да објави дека се повлекува од професионалниот бокс, но за разлика од претходните случаи, овој доаѓа по два последователни порази против Александар Усик (23-0). Сепак, малкумина веруваат дека „Кралот на Циганите“ навистина завршил со боксот. Нивното мислење е засилено со изјавата на Френк Ворен на оваа тема за Секндс аут.
„Неколку пати разговаравме накратко и знам дека многу време поминува со семејството. Моментално е во Дизниленд, каде што ужива со нив. Минатата година имаше 10-неделен камп, потоа ја доби повредата над окото и се врати со уште еден тримесечен камп, а пред последниот меч повторно го немаше три месеци. Беше долго време без неговото семејство, па сега беше време да биде со нив. Сепак, во овој момент не очекувам да се врати“, изјави претседателот на Квинсбери промоушн.
Сепак, Фјури има само 36 години и му претстојат уште големи борби од кои може сериозно да заработи. Ентони Џошуа (28-4) се уште чека одговор, а Даниел Дубоа (22-2) се обидува да стане следното големо име на светската сцена. Одлуката за неговото пензионирање нема да биде конечна барем во следните 5-6 години.