Пристапувањето на Украина во Северноатлантската алијанса во сегашните околности ќе предизвика Трета светска војна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред новинарите на маргините на Меѓународниот форум за гас што се одржува во Санкт Петербург.
„Во случај Украина да биде примена во НАТО под сегашните околности, тоа би значело избувнување на Третата светска војна. Ние секогаш се залагавме против директна конфронтација меѓу Русија и НАТО“, рече Сијарто, пренесе ТАСС.
На претходниот самит на НАТО во Вилнус во јули 2023 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето незадоволство затоа што земјите-членки не сакаа да прецизираат краен рок за покана на Украина за членство во НАТО.
По самитот Украина доби гаранции дека ќе се приклучи на алијансата откако ќе ги исполни потребните услови.
НАТО постојано нагласува дека Украина не може да се приклучи на алијансата додека земјата е во војна.