Samsung повторно ја поместува границата на мобилната технологија со новата генерација преклопни телефони: Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. Двата уреди се издвојуваат со најтенок и најлесен дизајн на Galaxy телефони на преклоп досега, рамни рабови и зајакнати шарки за уште поголема издржливост и елеганција. Изработени се со Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, што овозможува овие телефони да ја понесат титулата „најиздржлива Galaxy Z серија“.
Моќ и елеганција во едно
Во срцето на двата уреди се наоѓа процесорот Snapdragon® 8 Gen 3 за Galaxy, кој нуди исклучително моќни перформанси, совршени за гејминг, мултитаскинг и гледање содржини во висока резолуција. Со оваа платформа, процесирањето на податоци, графичките перформанси и вештачката интелигенција добиваат нова димензија. А кога зборуваме за изгледот на овие уреди, ќе се изненадите од совршеноста на димензијата и дизајнот секојпат кога ќе го држите в рака Galaxy Z Fold6, како и од беспрекорниот стилски израз на помалиот уред на преклоп Galaxy Z Flip6.
Galaxy Z Fold6 – висока продуктивност и креативна слобода
Идеален за сите кои сакаат да си ја завршуваат работата и кога се во движење, благодарение на 7,6-инчниот екран кога телефонот е отклопен, Galaxy Z Fold6 претставува вистинско платно за вашите идеи. Напредните AI функции како преведување во реално време, hands-free интерпретатор и автоматско предлагање содржини, во комбинација со S Pen поддршката, овозможуваат рачно цртање, бележење идеи и максимална продуктивност.
Моќните камери обезбедуваат извонреден квалитет на фотографии и видеа. Главната камера од 50 MP овозможува супер-јасни снимки, а ултра-широката од 12 MP ја проширува перспективата за поголеми пејзажи. Благодарение на напредната стабилизација и Nightography, резултатите се одлични дури и при слаба осветленост, а AI технологијата автоматски ги оптимизира сликите за максимален ефект.
За љубителите на гејмингот, Fold6 обезбедува врвни перформанси и моќна графика, додека големиот екран со минимални рамки овозможува импресивно визуелно искуство. Кога ќе ги додадеме и елегантните бои (сребрена сенка, розова, темносина) во кои можете да го имате овој уред, добиваме модерен телефон кој ги исполнува барањата и на најголемите тек-ентузијасти.
Galaxy Z Flip6 – стил и персонализација на кои нема да им одолеете
Со својот препознатлив, екслузивен и компактен дизајн, Galaxy Z Flip6 е совршен избор за сите кои сакаат практичност, креативност и единствен персонален израз. Почнувајќи од Flex Window надворешниот екран кој дава поголема функционалност и многу нови опции за персонализација, преку моќните камери со нови сензори (50 MP главен и 12 MP ултра-широк), Super HDR, Nightography и AI зумирање до 10x за кристално чисти детали, па се до фантастичните, трендовски бои (сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена) кои го прават Flip6 вистинско модно парче. Една од најголемите предности на Galaxy Z Flip6 е способноста да се сликаат фотографии и снимаат видеа од невозможни агли, благодарение на неговиот преклопен дизајн, кој ви дозволува да поставите телефонот на различни позиции без потреба од додатни опрема. Ова овозможува креирање на уникатни фотографии, од ниски агли за динамични сцени до селфија без потреба од користење на рака, правејќи го овој мал прекрасен телефон совршен избор за изразување на креативноста и модниот шмек. Телефон, кој ќе можете да го носите и во најмалата чантичка, кој нема да ви пречи во џебот кога пешачите, планинарите, при workout, токму поради неговата форма кога е преклопен.
Нов свет на можности со Galaxy AI и телефоните на преклоп
Телефоните на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Flip6 кои слободно можеме да ги наречеме иновативни, практични, единствени, претставителни уреди со фантастичен изглед, отвораат врати за целосно ново Galaxy AI искуство каде вештачката интелигенција напојува низа функции како интелигентно предлагање содржини и подобро управување со апликациите, преводи во реално-време, ВИ алатки за пишана комуникација итн. Да не го заборавиме и играњето игрици без застој, за што благодарение на оптимизациите што ги прави AI во позадина, сите гејмери ќе бидат повеќе од задоволни.
Без разлика дали сакате подобрена продуктивност или модерен уред што ги привлекува сите погледи, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се совршени партнери за секојдневниот ритам. Со нив, Samsung покажува дека иднината може да биде преклопена, но и бескрајно инспиративна.
Искусете ја целосната Galaxy магија
За да го заокружите целосното Galaxy искуство, овие два телефони на прелоп можете до совршенство да ги искомбинирате со новите паметните часовници Galaxy Watch Ultra или Galaxy Watch7 и со слушалките Galaxy Buds3 Pro како совршени додатоци за овие уреди. Часовниците, не само што овозможуваат напредно следење на здравјето и фитнес активностите, туку и ви овозможува да ги управувате повиците, нотификациите и апликациите директно од вашиот зглоб. Со своето поврзување со телефоните, тој го подобрува вашето искуство во движење. Од друга страна, Galaxy Buds3 Pro нудат кристално чист звук, напредно активно поништување на бучавата (ANC) и интуитивна контрола, што ги прави идеални за слушање музика, повици или гејминг. Овие слушалки се совршени за оние кои сакаат да уживаат во музика и разговори без да се грижат за надворешната бучава, дополнително зајакнувајќи го вашето поврзано искуство во Galaxy екосистемот.