ДАЛИ ПУТИН СЕ ШЕГУВАШЕ? Песков ја објасни поддршката на рускиот лидер на Камала Харис

771
EPA-EFE/MIKHAEL KLIMENTYEV

Американските работи не се главната грижа на рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков беше прашан дали Путин се шегува кога рече дека ја поддржува кандидатурата на Камала Харис на претседателските избори во САД.

– На Путин му беше поставено прашање, а тој одговори дека американските прашања не можат да бидат негова главна грижа – нагласи Песков.

Тој додаде дека руските работи се најважни за Путин.