Истрагата за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор е при крај. Речиси сите вештачења пристигнале во Вишото јавно обвинителство во Заечар, но српските медиуми кои го следат случајот го поставуваат прашањето дали воопшто ќе биде покренато обвинение против двете лица осомничени за нејзиното убиство во март годинава.
Прашањето се поставува затоа што составувањето на обвинителниот акт е тешко бидејќи истражителите уште немаат одговори на две клучни прашања: каде е телото на Данка Илиќ и зошто на местото на несреќата нема ДНК траги од неа.
Досега е претресено цело Бањско Поле каде и околината, но нема трага од телото.
Проверени се околу 500 примероци собрани од разни места, но траги од девојчето не се пронајдени.
Инаку, еден од осомничените веднаш по апсењето го призна делото и објасни дека прво го прегазиле девојчето со службениот автомобил, па го задавиле и го фрлиле на депонија, а потоа тоа го негираше. Другиот осомничен прво се бранеше со молчење, а потоа рече дека никогаш не ја видел Данка, иако бил во селото дента кога таа исчезна.