Македонскиот национален тим седми пат по ред (а вкупно деветти) ќе настапи на мундијалите и ќе се обиде да ја прекине серијата лоши  резултати што ги имаше на претходните неколку светски првенства. На последните три настапи на мундијалите, „црвено-жолтите“ забележаа седум победи, но четири од нив беа во Президент купот, утешен дел за репрезентациите што не успеваат да се пласираат во главната фаза.

– Во потрага по инспирација. Македонија ќе дојде во Хрватска на своето седмо по ред учество на светските првенства. Репрезентацијата што мораше добро да се потруди против Фарските Острови во баражот за да се пласира на Мундијалот, нема добри резултати во последно време. Сепак, секогаш има можност за подобрување, можеби веќе на претстојниот Мундијал – напиша ИХФ на социјалните мрежи, а во главниот текст потенцира дека клучни играчи во нашиот тим се Филип Кузмановски, Никола Митревски и Мартин Серафимов.

Во текстот на ИХФ се нагласува и големата улога на најдобриот македонски ракометар, а сега селектор на националниот тим, Кирил Лазаров, со кого Македонија ги забележа најдобрите резултати на големите натпреварувања, деветтото место на Светското првенство во 2015 година и петтото место на Европското првенство во 2012 година, во Србија.

Во текстот на ИХФ се нагласува и големата улога на најдобриот македонски ракометар, а сега селектор на националниот тим, Кирил Лазаров, со кого Македонија ги забележа најдобрите резултати на големите натпреварувања, деветтото место на СП во 2015 година и петтото место на ЕП во 2012 година, во Србија. Но, Лазаров има тешка задача откако беше именуван за селектор на Македонија. Тој беше одговорен и за најлошото рангирање на европските и на светските првенства: 22. на ЕП во 2022 и 27. на СП во 2023 година

 

Лазаров дури 24 години играше во националниот тим, на седум светски првенства – од Египет во 1999 до Египет во 2021 година и постигна 1.600 гола, и затоа никој не беше поквалификуван за улогата главен тренер на националниот тим.

Тој ја презеде улогата на селектор во февруари 2021 година, откако Македонија го имаше најлошото рангирање на светските шампионати – 23. место во Египет, во 2021 година. Но, Лазаров има тешка задача откако беше именуван за селектор на Македонија. Тој беше одговорен и за новото најлошо рангирање на европските и на светските првенства – 22. на ЕП во 2022 и 27. на СП во 2023 година.

Четири години подоцна, под прашалник е дали е направен некаков чекор напред, ако се суди според рангирањето и резултатите. Но, дали може Хрватска да ги инспирира Лазаров и неговиот тим? Во 2009 година, Светското првенство, исто така, се одржа во Хрватска, при што 92. гола на Лазаров сè уште стојат како рекорд на едно првенство, а неговата екипа заврши на 11. место, нејзин втор највисок пласман. (С.Т.)