Дали е потребен нов модел на Антикорупциска?

Антикорупциска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“

167

Четврти ден како што претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, не поднесува оставка по обелоденувањето за нејзина инволвираност во случајот со криминал од висок профил – „Адитив“. Обвинителството ја сомничи првата антикорупционерка дека му одавала информации на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, за тоа против кој од неговите соработници, сега обвинети во „Адитив“, е поднесена претставка, како и за неговата имотна состојба со оглед на тоа што неговата семејна фирма добивала тендери од РЕК „Битола“.

Oвој состав со попис на претседателката отфрлил две пријави поврзани со работата на ЕСМ. Ако се знае дека членовите прифаќаат или отфрлаат претставки или запираат постапки со мнозинство гласови, тогаш биле запознати за пријавите поврзани со „Адитив“ и гласале по предлогот мнозинството членови. Првата пријава е одбиена во јуни 2024 година, во периодот кога Димитровска, како што се товари, споделила информации со Стојановиќ. Пријавата се однесувала за набавката на адитиви. Постапката по предметот за втората пријава запрела во декември лани, бидејќи ДКСК утврдила дека нема елементи за натамошно постапување, бидејќи Обвинителството веќе имало отворено случај.

Од едногодишното работење на Антикорупциската комисија, во јавноста се издвоија „аминот“ за именување на директорот на АНБ, Бојан Христовски, и ненадлежноста за неговата диплома по англиски јазик, чија веродостојност се испитува во ОЈО. Потоа, патувањето на синот на премиерот заедно со владината делегација во САД, според ДСКС, не било на државна сметка. Забелешки за именувањето на членовите на УО на Академијата за судии и јавни обвинители, ама и за чорапите и падингтон мечето што ги купила поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска, на службено патување во Англија.

Дека е потребен надзор врз работата на Антикорупциска, деновиве, на јавни дебати, се согласија поранешни членови на ДСКС. Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, во свое време најавуваше работна група што ќе работи на нов модел на антикорупциска комисија на долг рок, која ќе биде експертска, ослободена од какви било политички влијанија и која ќе има ингеренции навистина да ја врши својата работа онака како што треба. (П. А.)

ИЗДВОЕНИ