Дали би пробале бургер од 5.000 евра? (ВИДЕО)

65

Многу луѓе кои се љубители на хамбургери најчесто наидуваат на „слатки маки“ кои да ги изберат конкретно – со или без сирење, со обично или двојно месо, кои додатоци да ги стават и слично.

Сепак, веруваме дека никој не би се бунел доколку има можност да проба хамбургер кој своевремено дури и влезе во Гинисовата книга на рекорди поради високата цена и луксузните состојки.

Сосема оправдано овој хамбургер го доби името „Златно момче“, а го дизајнираше Холанѓанецот Роберт Јан ДеВајн.

До оваа идеја дошол за време на карантинот поради пандемијата на корона вирусот, а веќе во 2021 година влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Овој бургер е прелиен со златен лист, премачкан со кавијар, а неговото пециво е направена со шампањ.

Плескавицата се состои од премиум сочно говедско месо прелиено со кавијар и кралски рак, според официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди. Дури и неговата лепиња и крукчиња од кромид се направени со Dom Pérignon.

Секако, цената стана предмет на дискусија, па коментарите се разновидни. Некои се согласуваат дека ова „ремек дело“ вреди 5.000 евра, а други истакнуваат дека никогаш не би потрошиле толку многу на еден оброк.

https://www.tiktok.com/@guinnessworldrecords/video/7382154102614150432?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7378249648782083589