epa11477756 Novak Djokovic of Serbia reacts during the men's singles final against Carlos Alcaraz of Spain at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 14 July 2024. EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, новата сезона ќе ја почне од  Бризбејн. Таму ќе ги започне подготовките за Австралија опен и за соработка со Енди Мареј. Но додека се чека најдобриот тенисер на сите времиња за првпат да излезе на теренот, тој е во центарот на вниманието на многу медиуми. Така специјализираниот тениски портал „tennis.com“ започна дебата за едно прашање – Дали следната сезона му е последна во кариерата?

Прашањето е едноставно, дали Ѓоковиќ ќе се пензионира на крајот на 2025 година? За тоа зборуваа новинарите на споменатиот портал. „Кога некој е блиску до својот 40. роденден, тогаш секоја сезона може да биде последна. Сепак, мислам дека ќе го поставуваме истото прашање во наредните години. Зошто? Имам три причини за тоа. Првата е начинот на кој Новак се грижи за своето тело, е имун на „здодевните“ повреди и е фокусиран на тоа да игра најдобро на најголемите турнири , ќе биде спектакуларно да се види дали Новак може да се врати на врвот, а третата причина е доведувањето на Мареј како тренер, тој ќе се обиде да го подмлади Ѓоковиќ и нивната соработка е како најава за серија на „Нетфликс“, очекувам да трае неколку сезони, рече Џон Ливи.

Слично мислење има и Пит Бодо. „Спортистите, навивачите, новинарите често ја користат фразата „оди додека си на врвот“, пред да започне неизбежниот пад што доаѓа со годините. Меѓутоа, освен ако не се случи нешто навистина непредвидливо, не верувам дека Ѓоковиќ ќе оди на тој начин. Во пензија на крајот на 2025. Се разбира, се може да се случи во текот на годината, но Новак е сè уште на врвот и сите играчи освен двајца би убиле за да имаат рекорд на слемови како што имаше оваа година (16-3), дури и да го исклучиме олимпиското злато. Можеби е седми на АТП листата, но е во неверојатна формаи ужива во тенисот. Поентата е во тоа што Ѓоковиќ не е Сампрас и дека во него сè уште постои желба да се натпреварува и да се бори. Заедно со Енди влезе во некој нов воз што се движи, јасен беше Бодо.

За разлика од нив двајца, Ема Стори очекуваше нешто сосема поинакво. „Кога го освои златото во Париз мислев дека тоа е почеток на крајот. Беше многу емотивен, потврди дека е најдобар досега и статистички, освои се. За мене Ѓоковиќ не е човек кој по секоја цена ќе ја продолжи кариерата, особено кога ќе види што може да им  направат повредите на спортистите на крајот од сезоната.

 

ИЗДВОЕНИ