Дачиќ: Безбедносната ситуација во Србија е стабилна и покрај хибридната војна

5
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска за РТС дека безбедносната ситуација во државата е стабилна и покрај фактот што е изложена на „хибридна војна“.

Дачиќ рече дека е исполнето главното барање на протестот на студентите и дека комплетната документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад ќе се најде на веб-страницата на Владата.

Тој рече дека документацијата постои и е кај обвинителот.

И другите барања се исполнети. Сите приведени на протестите се ослободени, средствата за факултетите за материјални трошоци се зголемени за 20 отсто, рече Дачиќ.

Забележува за случајот со Илија Костиќ, кој даде изјава во Обвинителството, дека истрагата е во тек, а за тоа не може да се разговара со политичари.

Безбедносната ситуација, и покрај тоа што сме изложени на хибридна војна, е стабилна. Земјата е посилна од сите предизвици. Не случајно законот вели дека не може да се протестира на места каде што може да биде загрозена безбедноста. Затоа мора да се најавуваат настани и протести, никаде нема блокада на државните институции, замислете некој да ја блокира Белата куќа, изјави Дачиќ.