Дачиќ потврди дека српското МВР поседува звучен топ, Вучевиќ повика на истрага на ФБИ

339
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека МВР поседува звучно оружје, но дека не е во употреба, додека премиерот во заминување Милош Вучевиќ бара од безбедносните агенции во САД и Русија да спроведат независни истраги и да утврдат дали на протестот во Белград бил употребен звучен топ.

На седницата на Комисијата за безбедност на српското Собрание во вторник, Дачиќ потврдил дека МВР го поседува звучниот топ на американската компанија Genesis „LRAD 100X“ и дека овие системи се во сопственост на полицијата од 2021 година, пренесува весникот „Данас“.

„Овие системи се во нашите магацини во кутии. Тие се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, но не се пуштени во употреба ниту се монтирани на некое од нашите возила или системи“, рече Дачиќ.

По протестот одржан на 15 март во Белград, Дачиќ тврдеше дека полицијата не поседува вакво оружје, што, како што сега вели, е „несмасна изјава“.

„Тоа е несмасна изјава. Со тоа се мислеше дека МВР не го вклучи ова оружје во својот арсенал на присилни средства“, рече Дачиќ, кој одговарајќи на прашања на „Данас“ рече дека набавката на ова оружје е „промашена инвестиција“.

„Веројатно тогаш се мислеше дека ќе се донесе нов закон за полиција, кој како уште едно средство за принуда предвидуваше и употреба на звучно оружје“, рече Дачиќ.

Тврдејќи дека за време на протестите во Белград не бил употребен звучен топ, Вучевиќ во интервју за ТВ Пинк во вторникот рече дека двете најавторитативни безбедносни служби во светот, ФБИ и ФСБ, се поканети да спроведат истрага, додавајќи дека Србија ќе биде подготвена да им пружи помош.

ИЗДВОЕНИ