Денеска започна 40-дневниот божиќен пост, па ви пренесуваме вкусен рецепт за пита што можете да го направите за појадок или вечера, како и за брза празнична трпеза. Сите ќе бидат воодушевени.
Состојки:
500 гр кора за пита
500 гр праз
1 морков
150 гр ориз
сол
бибер
1 дл минерална вода
1 dl масло
Подготовка:
Во тенџере со малку сол ставете го измиениот ориз, полијте вода и варете додека оризот не се свари. Процедете и оставете го на страна.
Во тавата истурете неколку лажици масло, загрејте ја и додадете тенко исечен праз. Пржете додека не омекне, а потоа додадете рендан морков. Зачинете по вкус, па измешајте го исцедениот ориз.
Ставете една кора, посипете ја со кисела вода и масло, па премачкајте го филот. Покријте со друга кора, повторете ја постапката, па покријте со трета и направете го истото.
Завиткајте ги во ролат, па ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја со преостанатите кори.
Корите премачкајте ги со мешавина од масло и кисела вода и по желба посипете ги со сусам.
Се пече во загреана рерна на 185 степени околу половина час или додека убаво не порумени.