Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат неготинци на социјалните мрежи.
– Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук.
Миле Тодоров има 28 години.
НИ ТРАГА, НИТУ ГЛАС: Потрагата по исчезнатиот 28-годишен Миле Тодоров влегува во осмиот ден
Пронајден е мобилниот телефон на исчезнатиот Миле Тодоров, од него ниту трага ниту глас!