Со засадување свежо цвеќе во жардинериите во центарот на Гевгелија што ги обезбеди ЈПКД „Комуналец“, вчера штитениците на Дневниот центар за лица со попреченост, на Центарот за лица со попреченост „Мајка Тереза, ученици од основните училишта „Владо Кантарџиев и „Крсте Мисирков, членови на Фондацијата „Ице Бегов“, Младинскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ и НВО „Порака, го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост и инвалидитет – 3 Ноември.

– Со овој настан, се потсетуваме на потешкотиите со кои се соочуваат овие лица, и нивните потреби во остварување на правата за инклузивност во општеството. Лицата со попречености треба да ги уживаат поддеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни, почитувани или вклучени во секојдневните општествени случувања. Напротив, и покрај бариерите со кои секојдневно се соочуваат, тие се тука меѓу нас, нивниот глас се слуша а нивниот труд се вреднува. Со оваа акција, сите ние, учесниците воедно испративме порака дека тука сме, видливи сме и општествено одговорнио сме – истакна дефектологот во Дневниот центар за лица со попреченост, Мери Кузманова.

Претседателката на Фондацијата „Ице Бегов“, Елена Бегова по завршувањето на акцијата рече дека 3-ти декември не повикува сите да изградиме општество во кое различностите не се пречки, туку мостови што не обединуваат и да бидеме глас на промена, светлина во разбирањето и поддршка во секој наш чекор.

Од 1992 година, 3-ти Декември се одбележува како Мегународен ден на лицата со инвалиднос и лицата со попреченостт. Да се потсетиме на една мисла на Мајка Тереза, која вели: – Најтешкото во светот не се гладот и болеста, туку чуството дека си напуштен,отфрлен, оставен сам да се бориш со својата попреченост. Иако не сме сите создадени да правиме големи работи, можеме да правиме мали работи со голема љубов!

(Љ.А.)

ИЗДВОЕНИ