Да го одложиме кабастиот и е-отпадот на вистинското место

71

Од Општина Карпош апелираат до сите граѓани, особено во претстојниот период кога има енормно загадување, да го одложат својот кабаст, електронски и електричен отпад во пунктот на јавното претпријатие Комунална Хигиена, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 долж булеварот „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“,  секој ден во неделата од 7:30 до 19:00 часот. Притоа, потсетуваат дека жителите тоа можат да го сторат со сопствен превоз без никаков паричен надомест.

-Доколку немаат на располагање сопствени возила, тие можат да се обратат на телефонскиот број: 0800 – 222 -33 каде службите од ЈП Комунална Хигиена ќе дојдат со потребната механизација и ќе го транспортираат кабастиот и е-отпадот, за што и ќе ја наплатат оваа услуга – информираат од Општина Карпош.

Оттаму, се надеваат дека оваа иницијатива ќе наиде на позитивна реакција кај карпошани, со кои, како што велат заедно ќе придонесат во градењето на една современа еколошка локална заедница.

Во насока на подобрување на здравата животна средина, од Општина Карпош истакнуваат дека контируирано преземаат чекори за одржување на јавната чистота, поддржуваат и директно учествуваат во акции каде се вклучени претставници од приватниот, граѓанскиот и невладиниот сектор.

-Но секако, најголемата поддршка ја добиваме од карпошани, особено кога се работи за правилно одложување на отпадот од домаќинствата- нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ